Се урна патнички авион на „Ер Индија“ веднаш по полетувањето, во него имало 244 патници/ВИДЕО

137
Prinskrin/X/@AdityaRajKaul

Боинг 787 на „Ер Индија“ се урна денес за време на полетувањето на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад во државата Гуџарат. Несреќата се случила за време на полетувањето, а засега нема извештаи за жртви, објавија телевизиските канали.

Некои индиски медиуми објавија дека во авионот имало 244 патници, додека други ја наведуваат бројката на 133.

Авионот се урна во урбана средина, во дел од градот наречен Мегани, од каде се издига густ црн чад.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат амбулантни возила и пожар што беснее во позадина.

Се појави и првата наводна снимка од летот на авионот пред несреќата, на која се гледа како авионот одеднаш почнува да се спушта, а потоа експлодира при контакт со земјата. Не е познато дали се автентични.

Се појавија и фотографии на кои наводно се гледаат делови од авион што се урна во една од зградите.

ИЗДВОЕНИ