На „Кнез Михајлова“, главната пешачка улица во центарот на Белград, се урна дел од натстрешница пред влез на позната парфимерија. Нема информации за повредени, а незгодата најверојатно се случила во текот на ноќта, бидејќи, според изјавата на вработената во парфимеријата, сè било во ред во текот на претходниот ден.
Од Секретаријатот за инспекција, надзор и комуникација на Србија, информираа дека се работи за приватен објект, па сопственикот на објектот ќе добие инспекциска наредба за поправка на натстрешницата.