Приватен хеликоптер се урна денеска во близина на марината Вулиагмени, јужно од Атина, соопштија грчките власти. Според информации на грчкото Министерство за бродарство, пет лица од леталото се спасени, пренесува „Катимерини“.
Четирите странци и грчкиот пилот се во добра здравствена состојба, се наведува во соопштението на Министерството.
Хеликоптерот падна во морето во телот на обидот на пилотот да слета на аеродромот „Астерас“ во Вулиагмени.
Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот на марината и набрзо потоа се обидел да полета, меѓутоа, само неколку секунди по полетуањето од земја, ненадејно се урна, од причина која засега е непозната, пренесува порталот „Прототема“.
На местото на трагедијата владееше хаос, бидејќи тоа подрачје беше полно со капачи и посетители, додека сликите кои ги доби порталот го бележат моментот на падот и метежот кој настанал.
Крајбрежната стража, противпожарната служба и полицијата пристигнаа на местотот на несреќата, а нуркачите успешно ги извлекоа пеете лица од леталото, пренесува „Танјуг“.
ИЗДВОЕНИ

Грипот удира рано и силно: Агресивната нова варијанта пристигна и во соседството

„Пукна“ тишината на преговорите, старите закани се вратија!

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

АНКЕТА НА „ЕВРОСТАТ“ ЗА УПОТРЕБАТА НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ: Секој петти Македонец користи генеративна вештачка интелигенција, најмногу за разговори и за читање вести








