Се урна авион што леташе од Грција кон Хрватска, загинаа четири лица/ВИДЕО

287
Foto: Pexels

Авионот долг 12 метри летал од Грција до Хрватска во недела, а потоа продолжил кон Саутенд.

Четири лица загинаа во авионска несреќа што се случи на аеродромот во Лондон Саутенд во недела, објави Би-Би-Си во понеделник.

Холандската компанија „Зиуш Авиејшн“ потврди дека нејзиниот лет SUZ1 бил вклучен во несреќата на аеродромот во Есекс, на речиси 80 километри од Лондон, за која очевидци велат дека виделе експлозија и „огнена топка“.

Авионот долг 12 метри полетал од Грција до Хрватска во неделата, а потоа продолжил кон Саутенд, со планирано враќање на аеродромот Лелистад во Холандија истата вечер.

Аеродромот во Лондон Саутенд објави дека ќе остане затворен до понатамошно известување поради сериозен инцидент.

ИЗДВОЕНИ