Граѓани до редакцијата на весникот ВЕЧЕР испратија фотографии на кои се гледа дека на тротоарот се паднати поголеми парчиња бетон кои се откорнале од конструкцијата на мостот. Најголемото парче е со тежина од 4-5 килограми. Среќа е што нема повредени лица, ако се има предвид дека под надвозникот се наоѓа градска автобуска постојка на која постојано има многу ученици од училиштата „Михајло Пупин“ и АСУЦ, но и други патници кои чекаат автобуски превоз, а работат во блиските фабрики „Алкалоид“, „Пивара“…

Низ Скопје има повеќе надвозници градени уште од времето на СФРЈ, на кои одамна им истекло времето за санација. Лани во јуни, за време на големото невреме, падна дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда врз две возила во движење по автопатот, и за големо чудо немаше повредени лица. Претходно големи парчиња од тротоарот на надвозникот паднаа на магистралата што поминува низ Визбегово. За случајот алармираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Испитувањето на 1.300 мостови во земјава, што на барање на ЈП за Државни патишта ги направи Градежниот факултет, покажале дека 19 се ризични и дека е потребна итна санација, а за 97 е откриено дека треба да се поправат поради дотраеност

Ризичен станува надвозникот на автопатот „Александар Македонски“ кој е влез во Автокоманда и практично е источната порта на Скопје.

Граѓани до редакцијата на весникот ВЕЧЕР испратија фотографии на кои се гледа дека на тротоарот на автопатот се паднати поголеми парчиња бетон што се откорнале од конструкцијата на мостот. Најголемото парче е со тежина од 4-5 килограми.

Среќа е што нема повредени лица, ако се има предвид дека под надвозникот се наоѓа градска автобуска постојка на која постојано има многу ученици од училиштата „Михајло Пупин“ и АСУЦ, но и други патници кои чекаат автобуски превоз, а работат во блиските фабрики „Алкалоид“, „Пивара“…

Низ Скопје има повеќе надвозници градени уште од времето на СФРЈ на кои одамна им истекло времето за санација. Лани во јуни, за време на големото невреме, падна дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда, врз две возила во движење по автопатот, и за големо чудо немаше повредени лица.

Претходно големи парчиња од тротоарот на надвозникот паднаа на магистралата што поминува низ Визбегово. За случајот алармираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Испитувањето на 1.300 мостови во земјава, што на барање на ЈП за Државни патишта ги направи Градежниот факултет, покажале дека 19 се ризични и дека е потребна итна санација, а за 97 е откриено дека треба да се поправат поради дотраеност.

– Испитавме 1.300 мостови во земјава каква е нивната состојба. Од нив 97 се детектирани како мостови кои треба да се поправаат, а од нив 19 се поризични. За овие 19 работиме на технички решенија за санација. Очекувам дека до септември ќе бидат готови решенијата. Проектот е финансиран од Светска банка. Потоа останува да процениме кои се приоритетните за да ги ставиме во програма и побрзо да бидат реконструирани – најави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, вели дека голем дел од мостовите во Македонија навлегуваат во сериозна возраст каде што се јавува потреба од преземање мерки, а во најмала мерка на нивно следење.

– Одржувањето на мостовите е многу важен елемент за трајноста  на мостовските конструкции. Најголем дел од 1.300 мостови во земјава се дотраени и им е неопходна реконструкција – истакна Марковски.

Тој потенцира дека градежните стручњаци од факултетот заедно со ЈПДП работат на воведување на нови начини за следење на мостовите.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ