Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека започнало уредувањето на влезот од гробиштата и сервисната улица за пристап.
– Паралелно, се спроведува темелно чистење на каналската мрежа, со што системски ги решаваме проблемите со излевање долж улиците „Радушка“ и „Арсениј Јовков“. Ова е планирана, одговорна и континуирана грижа за просторот и за луѓето – нагласи Стојкоски.












