среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Се уредува просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“

Се уредува просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“

117

Урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ во населеното место Бучинци е во завршна фаза.

Од Општина  Илинден информираат дека станува збор за простор каде што граѓаните на општина Илинден ќе можат да уживаат и да го поминуваат слободното време.

– Се работи на поплочување со нови бекатон-плочки, а во тек е изградба на нова платформа и пешачка патека во должина од 60 метри. Исто така, пристап до местото е обезбеден со тампониран пат во должина од 100 метри, а во тек е и изградба на платформа за ловење риба. Поставено е ново улично осветлување и нови канделабри, планирано е поставување на клупи за одмор и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде партерно уреден и за дополнително уживање на граѓаните ќе биде изграден нов летниковец – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека уредувањето на овој туристички локалитет е од особена важност за жителите на општината, како и за сите граѓани што сакаат да го поминат своето слободно време во една мирна и убава, а во исто време модерна средина.

ИЗДВОЕНИ