Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во близина на грчкиот остров Крит во 10:44 часот наутро.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал јужно од грчкиот остров.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 11,7 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби ја следат ситуацијата.