сабота, февруари 14, 2026
Дома LIFE Се трага по уште едно лице од возилото кое падна во водите...

Се трага по уште едно лице од возилото кое падна во водите на Вардар кај Рашче – извлечени се телата на три лица

92

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар.

И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата.

Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар.

Според првичните сознанија, со возилото управувала една од починатите.

Ќе биде издадена наредба и за вештачење на автомобилот.

По насоки на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот, како и со блиски на семејството во возилото со цел да се испитаат сите околности.

ИЗДВОЕНИ