петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се трага по повозрасно лице од Штип, последен пат било видено во...

Се трага по повозрасно лице од Штип, последен пат било видено во саботата

71

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е поднесена пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци, Општина Штип, информира Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Штип.

Според пријавата, лицето било последен пат видено во саботата, на 5 април 2025 година. За случајот е известено и Министерството за внатрешни работи – Штип, од каде што било посочено дека за понатамошно постапување е неопходно некој од блиските членови на семејството да достави документ за идентификација и фотографија од исчезнатото лице.

ЦУК информира дека за случајот е известена и Општина Штип. Очекувањата се дека со координирана акција на институциите и со помош на семејството и локалната заедница, лицето ќе биде успешно пронајдено.

ИЗДВОЕНИ