Сцени на хаос се одвивале на грчкиот остров Миконос, пред ресторан за брза храна, каде што се судриле група пијани италијански туристи, а ситуацијата брзо излегла од контрола.
Видео објавено на Фејсбук покажува жестока тепачка меѓу пијани туристи и полицајци кои се обиделе да воспостават ред.
Сè започнало кога две групи Италијанци влегле во жестока расправија, а викањето и пцуењето брзо ескалирале во тупаници и туркање. Полициските службеници кои брзо пристигнале на местото на настанот се обиделе да ги разделат конфликтните страни, но наишле на неочекуван отпор од туристите, кои не само што одбиле да послушаат, туку и ги нападнале полицајците.
На видеото јасно се гледа како полицијата се бори да ги задржи туристите, додека пијаните Италијанци ги удираат со тупаници и се обидуваат да избегаат низ кордонот.
Се слушаат и вресоци, додека десетици минувачи со неверица ја гледаа неверојатната сцена во центарот на островот. Конечно, по неколку минути жестока борба, полицијата успеја да ги уапси насилниците, да им стави лисици и да ги однесе во полициската станица на Миконос, со што се стави крај на хаосот што го вознемири целиот крај.