Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, се сретнаа во Пекинг.
На почетокот од средбата, Путин истакна дека лидерите на Русија и Белорусија секогаш имаат за што да разговараат, и покрај честите средби.
Рускиот претседател истакна дека ниедна земја не може да ја замени Белорусија за Русија.
– Рековте дека никој не може да ја замени Русија за Белорусија. Сакам да кажам дека никој не може да ја замени Белорусија за Русија – истакна рускиот претседател.
Тој, исто така, истакна дека Русија и Белорусија се поврзани со „многу блиски меѓудржавни односи“.
Лукашенко рече дека Белорусија ќе продолжи да ја поддржува Русија во решавањето на конфликтот во Украина.
Рускиот претседател, исто така, ја пофали иницијативата на Кина за глобално управување, нагласувајќи дека е добра.