Се спуштаат три нивоа под земја, држејќи се за раце: 17.000 деца во Харков тргнаа во подземни училишта

112

Околу 17.000 деца во Харков, вториот по големина град во Украина и честа цел на руски напади, вчера ја започнаа новата учебна година во училишта изградени под земја, објавува Ројтерс.

Седум такви училишта беа во функција на почетокот на учебната година, а градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави дека уште три училишта ќе бидат отворени во наредниот период.

И шест станици на метрото во Харков се претворени во училишта.

„Денес отворивме две училишта во областа Нова Салтивка. Длабочината е навистина важна за училиштето. Голема е, тука има 1.500 ученици“, рече Терехов, истакнувајќи дека ова се училишта кои најблиските до границата со Русија.

Наставниците во подземните училишта во украинскиот град ги охрабруваат децата брзо да влезат внатре по пристигнувањето во училиштето, а потоа да се спуштат три нивоа под земја по скали, држејќи се за раце.

Помладите и постарите деца посетуваат настава во целосно опремени училници.

ИЗДВОЕНИ