Раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар, Кире Секуловски, објасни дека проектот бил предаден во МВР и оти оттаму се очекува согласност.

Оттаму треба да дадат согласност. Ние им предложивме тоа да биде пилот-проект кој ќе се спроведува само за викенди, од петок од 18 часот, до недела до полноќ, бидејќи во тој период училиштата и градинките се затворени. Чекаме одговор за да видиме како финално ќе изгледа проектната документација изјави Секуловски.

Според него, овој пилот-проект би започнал со поставување на три рампи на улиците: „Донбас“, „Алберт Ајнштајн“ и „Андон Дуков“, а ќе можат да се паркираат само жителите, додека тие што не се резиденти нема да имаат пристап.  Предвидено е да се стават вкупно девет рампи, а на делови каде што улиците завршуваат слепо, ќе биде регулирано со мобилна апликација за отворање на рампите    

 

Пред почетокот на летната сезона, од 1 април или од 1 мај, би требало да се спроведе пилот-проектот според кој се предвидува Дебар Маало да биде затворено за сообраќај од петок, од 18 часот до недела на полноќ.

Раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар, Кире Секуловски, објасни дека проектот бил предаден во МВР и оти оттаму се очекува согласност.

– Оттаму треба да дадат согласност. Ние им предложивме тоа да биде пилот-проект кој ќе се спроведува само за викенди, од петок од 18 часот, до недела до полноќ, бидејќи во тој период училиштата и градинките се затворени. Чекаме одговор за да видиме како финално ќе изгледа проектната документација – изјави Секуловски.

Тој додаде дека проектот е вграден во Програмата и во Планот за јавни набавки на Општина Центар.

– Целта на овој проект е зголемување на безбедноста на пешаците,  намалување на емисијата на штетни гасови, поттикнување на користењето на велосипедите како превозно средство, но и намалување на паркирањето на нерезидентни жители – нагласи Секуловски.

Според него, овој пилот-проект би започнал со поставување                     на три рампи на улиците:  „Донбас“, „Алберт  Ајнштајн“ и „Андон Дуков“, а ќе можат да се паркираат само жителите, додека тие што не се резиденти нема да имаат пристап.

При најавата на проектот на средината на јуни, минатата година, од Општина Центар беше објаснето дека ќе се направат кружни прстени за движење во три фази и ќе може да влегуваат само резиденти, односно жителите што живеат овде ќе добијат специјални дозволи  (картички), а  нема да можат да влегуваат жители што не се од тој реон.

Предвидено е да се стават вкупно девет рампи, а на делови каде што улиците завршуваат слепо, ќе биде регулирано со мобилна апликација за отворање на рампите. Беше напоменато и тоа дека во времето кога Дебар Маало ќе биде затворено за сообраќај, ќе може низ него да транзитираат жители од други општини и од други делови на Општина Центар и тоа само на 15 минути и оти на тој начин нема да се зголеми, туку, напротив ќе се намали доаѓањето возила во Центар и се добива безбедно Дебар Маало или „сејфти“ Дебар Маало.

Воедно, планирано е да се воведат и посебни правила и за дотурот на стока. Нема да биде дозволен влез на возила потешки од 3,5 тони, освен ако не се работи за посебно одобрени ситуации со дозвола издадена од Град Скопје, која ќе важи наутро од 7 до 9 часот. За да се олесни снаоѓањето, ќе биде поставена и соодветна физичка сигнализација на булеварите: „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Илинден“ и улицата „Рузвелтова“, со што ќе се информираат сите учесници во сообраќајот за новиот режим.

Од Општина Центар, при најавата на проектот нагласија дека доколку овој пилот-проект се покаже како успешен во Дебар Маало, ваков режим на сообраќај би можел да се примени во Градски парк, Буњаковец, Капиштец и во сите други зони на нејзината територија.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ