Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, деновиве ја посетил поранешната депонија „Вардариште“.
Тој информира дека јавното комуналчно претпријатие „Гази баба 2007“ на терен превзема активности за собирање на комуналниот отпад и негово транспортирање во „Дрисла“.
-Дополнително, го исполнивме ветувањето. Во „Вардариште“ поставени се камери и депонијата е под 24-часовен видео надзор. На сила остануваат мерките за забрана за движење на депонијата, а на лице место се полициски службеници кои вршат постојан надзор и контрола чекор по чекор се решава ова прашање – истакна Стефковски.