МВР информира дека во отпадот за старо железо улица „Б. Буна“ во Визбегово, горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите.
– Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот – потенцираат од МВР.
Оттаму нагласуваат дека до сега нема зафатено приватен имот – куќи.
Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари и возила од Комунална хигиена, вклучени се и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер.