среда, февруари 11, 2026
Дома БАЛКАН Се шират теории за мистериозните смртни случаи во Бугарија: Шест тела на...

Се шират теории за мистериозните смртни случаи во Бугарија: Шест тела на планината и траги од опасна секта

83
screenshot bTV

Бугарската јавност остана изненадена од низата трагични настани во планинскиот масив на северозапад од земјата, каде што за краток временски период беа пронајдени шест тела. Истрагата за смртните случаи, кои локалните власти ги споредија со култната серија „Твин Пикс“, покрена многу прашања за активностите на група поврзана со невладина организација за заштита на природата.

Случајот започна на почетокот на февруари со откривањето на телата на тројца мажи, на возраст од 45, 49 и 51 година, во изгорените остатоци од планинарска куќа во близина на превојот Петрохан. Според форензичките експерти, сите имале прострелни рани на главата нанесени од блиску, а на пронајденото оружје се пронајдени само траги од нивната ДНК.

Потрагата по поврзани лица ја одведе полицијата на нова локација во неделата, кога телата на двајца мажи на возраст од 51 и 22 години и едно 15-годишно момче беа пронајдени во камп-куќа во областа на врвот Околчица, објавува „Гардијан“.

Се шират теории

„Животот овде ни даде пошокантни детали отколку во серијата „Твин Пикс“, рече главниот обвинител Борислав Сарафов за локалните медиуми.

Директорот на националната полиција, Захари Васков, ја потврди сериозноста на ситуацијата, велејќи дека ова е „случај без споредба во нашата земја“.

Истрагата откри дека петмината починати биле членови на Агенцијата за контрола на националните заштитени подрачја, здружение кое го користело објектот на превојот Петрохан како свое седиште и место за младински летни кампови. Додека полицијата ги истражува наводите за врските на групата со тибетскиот будизам и извештаите за „екстремна психолошка нестабилност“ во рамките на групата, семејствата на жртвите нудат поинаква верзија на настаните. Ралица Асенова, мајка на една од жртвите, ги отфрли шпекулациите за внатрешни конфликти: „Очигледно тие биле сведоци на нешто. За мене, ова е професионално извршено убиство“.

ИЗДВОЕНИ