Сè се менува во Сутоморе: Туристите во неверица – непишани правила предизвикуваат гнев кај посетителите

414

Летувалиштето Сутоморе, едно од најпосетуваните места на црногорскиот брег, доживува вистинска трансформација ова лето. Иако нема нови официјални државни правила, локалните промени и реакциите на однесувањето на туристите воведуваат неочекувани ограничувања кои веќе ги изненадија многумина.

Големо изненадување ги очекува туристите штом ќе зајде сонцето – некои плажи се заклучени со порти, поставени од закупците. Оваа практика беше воведена како одговор на зголемените инциденти во текот на вечерните часови, вклучувајќи фрлање ѓубре и нарушување на јавниот ред и мир.

– Не можевме да поверуваме кога навечер наидовме на заклучена плажа, како да сме во некоја забранета зона – вели турист, а пренесува Србија Данас.

Така, доколку планирате вечерни прошетки или дружење на брегот, однапред проверете дали пристапот до вашата плажа е бесплатен и во кое време се затвора.

Ѓубрето – најголемиот проблем во сезоната

Иако природата на Сутоморе ги воодушевува туристите, има сè повеќе поплаки за недостатокот на хигиена. Кеси, амбалажа, остатоци од храна и конзерви ги преплавуваат плажите, а локалните служби не се во можност да го следат приливот на посетители.

Локалната заедница ги повикува посетителите да покажат поголема одговорност: „Што ќе донесете – земете го со себе“.

Данокот на престој е контролиран: Казни на граница

Туристичката такса е законска обврска и сите туристи мора да ја платат во рок од 48 часа од влегувањето во Црна Гора. Доколку престојувате во приватно сместување, мора да се регистрирате во туристичката канцеларија. Во спротивно, казните можат да ве дочакаат на границата по враќањето.

ИЗДВОЕНИ