
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака во најбрз можен рок да го реши проблемот кој го има со данскиот интернационалец Расмус Хојлунд. Малиот напаѓач актуелната сезона ја одработува како позајмен фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи, а Јунајтед сака „азурите“ што е можно побрзо да го откупат неговиот договор за 45 мил. евра.











