Се реновира градинката „13 Ноември“

20

Во тек е реновирање на новиот дел на градинката „13 Ноември“ на територијата  на општина Центар. Од Општината информираат дека реновирањето ги опфаќа јаслите и долниот кат. Во моментов, се врши молерисување на ѕидовите, а веќе е завршено стружењето и лакирањето на паркетот во занималните и ходниците.

– Молерисувањето ги опфаќа и скалите, влезот, канцелариите, тријажниот простор и чајната кујна. По завршување на оваа фаза, ќе продолжи стружењето и лакирањето и на „стариот дел“ од објектот, каде молерисувањето беше изведено во претходната година. Условите во градинките мора да бидат одраз на грижата што ја имаме кон најмладите. Затоа, вложуваме континуирано во безбедна, функционална и топла средина каде што децата растат среќни, а вработените имаат подобри услови за работа – нагласи градоначалникот, Горан Герасимовски.

Дополнително, реализирана е набавка на нов мебел за занималните во Матичниот објект, како и набавка на три нови клима-уреди, кои ќе бидат монтирани во просториите каде што е најнеопходно.

Во главната кујна на Матичниот објект инсталирана е нова конвекциска печка (со шест нивоа), со што се овозможува побрза и поефикасна подготовка на храна.

Герасимовски истакнува и дека со цел да се поддржи воспитно-образовниот процес се набавени наставно-образовни и дидактички материјали според програмата Монтесори, како и игровен материјал за децата од групата јасли.

 

 

ИЗДВОЕНИ