Се реконструираат фискултурни сали, се поставуваат нови фасади…

30

Скопските општини ги подготвуваат училиштата пред почетокот на учебната година. Градежните активности се во полн ек. Во некои училишта се бојадисуваат училниците, додека некаде се реконструираат фискултурните сали или се поставуваат нови фасади, со цел да се подобрат условите за  одвивање на наставата.

Во Општина Центар, во тек е целосна реконструкција на фискултурната и на свечената сала во ООУ „Димитар Миладинов“.

– Поставуваме нов паркет, нова бина, енергетски ефикасно осветлување и ги подобруваме условите за безбедно и квалитетно користење на просторот. Инвестираме во подобри училишта, затоа што иднината на Центар почнува со среќни и здрави деца – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Бутел, пак, информираат дека наскоро ќе започнат реконструкцијата и поставувањето на енергетска фасада на основното училиште „Петар Здравковски-Пенко”.

– Решаваме проблем што беше главно барање на сите родители. Со ова, значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата и дополнително ќе се заштеди на енергија – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ