Во тек се градежните активности за реконструкција на улицата „Жил Верн“ во Кисела Вода, проект што значи целосно обновување на коловозот и на тротоарите, на површина од околу 1.300 квадратни метри.
По поставувањето на новата атмосферска канализација, со новиот асфалт и со уредени тротоари ќе се заокружи инфраструктурната санација во целост.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку капиталните инвестиции за кои Општина Кисела Вода аплицираше до Владата на Република Македонија.












