четврток, јануари 22, 2026
Дома СКОПСКА Се реконструира улицата „Перо Наков“

Се реконструира улицата „Перо Наков“

45

По речиси три децении запоставеност, Град Скопје денеска почна со реконструкција на улицата „Перо Наков“, значајна сообраќајна артерија, која секојдневно ја користат илјадници жители.

Од Град Скопје соопштија дека станува збор за улица од исклучително значење за локалното население и за целата општина Гази Баба, која како што велат со години била во катастрофална состојба и претставувала вистински предизвик за безбедно и нормално движење.

-Реконструкцијата опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, комплетна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 квадартни метри, современо осветлување и подземно поставување на операторските мрежи. Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркинг и контењери.Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор – информираат  од Град Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ