Се реконструира улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром 

36

Град Скопје започна со реализација на уште еден значаен проект.  Целосно се реконструира улицата „Фрањо Клуз“ во Општина Аеродром.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, почетокот на овој проект го означи заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов.

– Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи. Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого – истакна Ѓорѓиевски.

Улицата „Фрањо Клуз“ игра клучна улога во урбаниот дел на општината и е сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани.

– Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена. Денес ставаме крај на таа слика. Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива – нагласи скопскиот градоначалник.

ИЗДВОЕНИ