Интензивно се работи на реконструкција на училишната зграда во Башино Село, со што во голема мера ќе се обезбедат подобри услови за одвивање на наставата.
Од Општина Велес информираат дека поради дотраеноста на училишната зграда во Башино Село, наставниот кадар и учениците се соочувале со голем број проблеми, кои ја отежнувале наставата.
– Сега, со оваа инвестиција, проблемите во подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ ќе се надминат и учениците и персоналот ќе добијат пристојни услови за нормално и непречено одвивање на образовниот процес – потенцираат од Општина Велес.












