Се разведува славната модна креаторка Верица Ракочевиќ од 35 години помладиот сопруг Вељко

1840

Од љубов до разделба…Распаѓањето на бракот не се случува преку ноќ. Главно, станува збор за бавно акумулирање на голем број незадоволства. Последната година имале премногу караници, велат оние поупатените кои ги познаваат Вељко и Верица

 Светски познатата  модна дизајнерка и креаторка 75-годишната Верица Ракочевиќ  а, која зад себе има два брака, честопати е драга гостинка и кај нас во Македонија. Но, само еднаш ѝ се има случено нешто прилично лошо кое ќе го памти за цел живот.

-Беше жешко лето, тргнавме на посакуваниот одмор јас и сопругот Вељко. Спиевме во нашата автоприколка, која е прилично добро опремена, а спиењето беше на брегот на преубавото Охридско Езеро, кое секогаш ме воодушевува. Посакав, целата ноќ да си ги слушам брановите под месечината. Така и заспав. Меѓутоа, некаде околу два по полноќ ме разбуди Вељко, ми ја стави неговата рака на мојата уста, тивко велејќи ми да молчам, бидејќи сомнителни луѓе се мотаат до приколката. Многу се исплашив кога слушнав дека тие сомнителни нервозно се дерат, викаат, тропаат со нозете, удираат со тупаници врз приколката, а мислам и дека нè пцуеја на некој си туѓ јазик, не на македонски. Вељко беше одлично присебен. Тивко се привлече до воланот, за секунда ја отвори завесата од шофершајбната и ја стартуваше автоприколката.

Со цела брзина заминавме, не застанувајќи сè до грчката граница. Не, не беа тоа Македонци, тие се прекрасни, топли и срдечни луѓе, ова нема врска со нив. Беа некои странци, кои козјнае како воопшто се најдоа тука на брегот на Охридското Езеро? Можеби бегаа од полицијата? Не знам, но знам дека со саати не можев да се смирам!

Инаку, модната креаторка е 35 години постара од нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ, музичар по професија. Родена е на 23 март 1948 година во  косовско Подујево. Има завршено средно текстилно училиште во Белград, а во 1983 година почнала професионално да работи во светот на модата, постигнувајќи фантастични успеси.

Но, медиумите во Србија честопати се занимаваа со нејзиниот приватен живот. На големо шпекулираат дека сè уште згодната 75-годишната Верица, по разводот од поранешните брачни партнери има изгубено над 300 илјади евра. Го продаде станот, покрај кој кога поминува, некое лудило ја фаќа од тага. Само еден мал дел од тие пари ги потрошила за да ги врати насобраните финансиски долгови. За жал, сега се разведува и од Вељко иако сите мислеа дека тој брак никогаш нема да се распадне.

Сепак, не било така. Распаѓањето на бракот не се случува преку ноќ. Главно, станува збор за бавно акумулирање на голем број незадоволства, велат оние поупатените кои ги познаваат Вељко и Верица. – Последната година имале премногу караници, а љубовта на тој начин им исчезнала. Освен тоа и повеќе не комуницирале, додаваат нивните најблиски.

Верица, сега-засега мудро молчи. И целиот интерес на јавноста околу разводот го пренасочува на нејзината работа во модата. „За првпат по многу години модната ревија ќе ја работам сама. Мене Вељко и онака ми велеше, дека јас не сум тип за тимска работа. Безобразно од неговата страна. А, дали тој навистина беше заинтересиран да ми помага?  Знам дека убаво е кога имаш некои луѓе околу себе кои ќе ти ги завршат обврските, бидејќи физички не можеш сè сама да постигнеш. Но, не сакам некој доколку веќе ми помага, воедно и да ми дрдори, трезвено објаснува славната модна дизајнерка.

(Д.М.)   Фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ