понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку...

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман

29
EPA/HANNIBAL HANSCHKE

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатриација и евакуација на граѓаните на Република Северна Македонија кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, преку копнената граница на Султанатот на Оман.

– Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, се наведува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.

Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби.
Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532
Емаил адреса: [email protected]

ИЗДВОЕНИ