Неколку возбудливи натпревари беа одиграни во НБА на католичкиот Божиќ и беа постигнати и неверојатни резултати. Едно од најголемите изненадувања се случи на натпреварот на Њујорк никс против Кливленд. Кливленд имаше водство од 17 поени на почетокот од последната четвртина, но ни тоа не беше доволно за победа. Њујорк никс одигра брилијантно во завршницата и се врати во игра пет минути пред крајот на натпреварот. Вистинска драма се случи во последните минути и на крајот победи домашниот тим со 126:124.

Лос Анџелес лејкерс претрпи тежок пораз на домашен терен, од Хјустон рокетс.

Гостите победија лесно, а Дончиќ воопшто не беше задоволен од сопствениот настап и од оној на соиграчите. На прес-конференцијата, тој „распали“.

  • Сите мора да придонесуваме повеќе и мора да покажеме поголема желба, почнувајќи од мене. Нема шанси да играме вака во иднина. Не знам што треба да се промени, но нешто мора. Ова изгледа ужасно – порача Дончиќ по поразот од Хјустон со 119:96.

Лука Дончиќ постигна 25 поени на овој натпревар, а Леброн Џејмс додаде 18.

Сепак, приказна на вечерта е неверојатниот Никола Јокиќ, кој ѝ даде на Америка неверојатна партија за Божиќ. Тој постигна 18 поени по првата четвртина на натпреварот против Минесота, а имаше и пет скока, четири асистенции и две блокади. Тој ја продолжи својата одлична игра во втората четвртина и веќе во третиот период од натпреварот запиша трипл-дабл. Во тој момент имаше 27 поени, 11 скока и десет асистенции.

Големата битка меѓу Денвер и Минесота продолжи, а на крајот натпреварот отиде во продолжение, каде што имаше вистинска драма. Сепак, Денвер беше тој што оствари тесна победа од 142:136 на крајот. Најдобар играч на натпреварот беше неверојатниот Никола Јокиќ, кој постигна 56 поени и имаше 16 скока и 15 асистенции.

Свој коментар за монструозната партија на Јокиќ даде и новинарот на „Атлетик“, Џон Кравчински, кој известува за Минесота. Тој напиша статија во која го пофали Србинот и ги замолчи сите негови критичари во НБА.

  • Во текот на 13 часа кошарка на Божиќ, НБА одлично ја претстави целата екипа на својот најдобар ден. Тука беше „старата гарда“ составена од Стеф Кари, Леброн Џејмс и од Кевин Дурант. Видовме некои од најперспективните играчи од следната генерација како што се Купер Флег, Виктор Вембањама и Амен Томпсон. Потоа беа Шај Гилџус-Александар, Едвардс и Џејлен Брансон. Кога заврши денот, едно нешто беше појасно од кога било: Никола Јокиќ е најдобар меѓу сите нив и нема сомнение за тоа – напиша Кравчински.

 

 

ИЗДВОЕНИ