сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се превртела, па се запалила цистерна со нафта, огнот изгаснат со пена

Се превртела, па се запалила цистерна со нафта, огнот изгаснат со пена

80

Цистерна која превезувала нафта, претпладнево излетала од регионалниот пат Гевгелија – Богданци и се превртела, по што дошло до истекување на нафта и нејзино палење.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информираше дека ТППЕ – Гевгелија веднаш пристигнала на местото на несреќата и со специјална пена го изгасила огнот кој предизвикал силнен црн чад.

Според Ангелов, тие во овој момент имаат целосна контрола.

-Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум – тврди Ангелов.

ИЗДВОЕНИ