Повеќекратното убиство се случи во вторникот во Грац кога 21-годишниот напаѓач упаднал во училиштето и пукал во учениците и професорите. Во престрелката загинаа девет лица, а десетици беа ранети. Родителите целото утро го поминаа во неизвесност за безбедноста и животите на нивните деца.
Во интервју за ПУЛС 24, загрижен татко раскажува што наводно се случило за време на пукањето во гимназијата во Грац. Според него, неговите две деца се ученици на тоа училиште.
Таткото рече дека додека осомничениот стрелец пукал низ училницата, а неговиот син се преправал дека е мртов за да преживее.
Во вторникот наутро, одекнаа истрели во училиштето BORG Dreierschützengasse во Грац. Најмалку девет луѓе загинаа, а десетици беа повредени, од кои некои потешко. По пукањето напаѓачот извршил самоубиство.
Кога неговиот син се јавил дома и рекол дека некој пука во училиштето, Фараг мислел дека тоа е шега. Но, за жал, тоа не беше случај.
Загрижениот татко чекал пред салата „Хелмут лист“, каде што биле донесени децата кои не биле повредени, а ги згрижувала екипа за кризна интервенција и Црвениот крст.
Еден од неговите синови бил во училницата каде што пукал насилникот. За да не биде застрелан, тинејџерот легнал на подот и се преправал дека е мртов, рекол таткото во изјавата. Пукањето го слушнала неговата внука, која исто така е ученичка во споменатата гимназија.
Таткото објаснува дека на почетокот не можел да дојде до другиот син.
„Се плашев што ќе се случи“, вели Фараг и додава дека син му по половина час му се јавил и рекол дека е во ходникот.
Неговите деца се добро и безбедни. Сепак, некои од нивните пријатели беа повредени.
Дури и сега, на таткото му е тешко да зборува и да разбере што се случило.
„Кој го направи ова? Каков проблем имаше? А особено на училиште? Не знам што да кажам. Ова е навистина тажно“, вели тој во интервју за ПУЛС 24.
Напаѓачот (21) е поранешен ученик на училиштето каде извршил повеќекратно убиство. Застрелал ученици и наставници во две училници.