Се прелева атмосферската и фекалната канализација во Полошкиот Регион и во Тетово  

70

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека поради интензивните врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот Регион и во Тетово, биле забележани проблеми со апсорпцијата на атмосферската и на фекалната канализација во урбаните делови на градот.

Ова довело до задржување и до создавање водни површини под подвозниците и надвозниците.

Поради тоа, од ЦУК апелираат за зголемена внимателност при движењето по улиците и за избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

– Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата – велат од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ