На територијата на Општина Ѓорче Петров се уредува просторот околу поранешната зграда на „Југохром“, кој ќе биде наменет за нов паркинг. Станува збор за површина од 800 квадратни метри.
Од Општина Ѓорче Петров информираат дека овој простор со децении бил запуштен и неуреден, а сега, со уредувањето, се става во функција на жителите.
– Со овој проект, овозможуваме повеќе паркинг-места, подобра функционалност и поубав изглед на овој дел од Општината – велат од локалната самоуправа.