недела, февруари 1, 2026
Дома СКОПСКА Се прави генералка во Клиничкиот центар

Се прави генералка во Клиничкиот центар

17

Сите градски јавни претпријатија се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ –  срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

Најавувајќи ја оваа акција, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека оваа акција е директен одговор на оправданите реакции и забелешки од граѓаните за долгогодишната негрижа кон овој исклучително важен комплекс.

– Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се мијат и се чистат улиците и паркинзите, се сече и се отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад. Секој агол се уредува, со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ова е почеток на континуирана грижа и нагласи дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ