Најдобрата тенисерка на светот, Белорусинката Арина Сабаленка, нема да игра на ВТА-турнирот во Пекинг поради повреда, објавија организаторите на турнирот.
- Арина не заздрави целосно од повредата со која се здоби во текот на Отвореното првенство на САД. Ѝ посакуваме брзо закрепнување и се надеваме дека повторно ќе ја видиме во Пекинг – соопштија организаторите на турнирот во кинеската престолнина.
Сабаленка беше поразена во четврт-финалето на турнирот во Пекинг минатата година, од Чехинката Каролина Мухова со 7:6 (7:5), 2:6, 6:4.
ВТА-турнирот во Пекинг ќе се одржи од 24 септември до 5 октомври.
Белоруската тенисерка е на првото место на ВТА-листата со 11.225 поени и веќе обезбеди место на завршниот турнир во сезоната, кој е закажан од 1 до 8 ноември, во Ријад.