Се повеќе „контраши“ во ЕУ: И новиот чешки премиер против користењето руски средства за помош на Украина

71

Чешка се придружи на групата земји кои се противат на користењето на замрзнатите руски средства за да ѝ се позајми на Украина 210 милијарди евра, изјави новоизбраниот чешки премиер Андреј Бабиш.

„Се согласуваме со белгискиот премиер дека Европската комисија мора да најде други начини за финансирање на Украина. Нашите буџети се празни, а секоја круна што ја имаме треба да биде насочена кон нашите граѓани“, напиша Бабиш на Фејсбук во саботата, пренесува Euractiv.

Овој став на Чешка, според бриселскиот портал, дополнително ја поддржува Белгија, која се противи на користењето на овие резерви како средства за таканаречениот репарациски заем за Украина.

ИЗДВОЕНИ