Владата на САД додаде повеќе прашања на тестот за граѓански права што кандидатите мора да го полагаат за да станат државјани на САД, што е најновиот чекор на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за заострување на процесот на легална имиграција, објави денес CBS News.
Овој потег ќе го врати тестот од 2020 година од првата администрација на Трамп, кој беше укинат од администрацијата на претседателот Џозеф Бајден.
Меѓу другите барања, легалните имигранти кои аплицираат за државјанство на САД мора да докажат дека живееле во САД како законски постојан жител најмалку три или пет години, во зависност од нивниот случај, дека можат да читаат, пишуваат и зборуваат англиски јазик и дека имаат основно разбирање за американската историја и политичкиот систем.
Според новата верзија на тестот, кандидатите ќе треба да проучат 128 прашања за историјата и политиката на САД и правилно да одговорат на 12 од 20-те прашања усно.
Оние кои ќе го положат тестот ќе добијат втора шанса да го полагаат, а ако не успеат и вториот пат, нивното барање за државјанство ќе биде одбиено.
Новиот тест ќе се применува за оние кои ќе аплицираат за државјанство по средината на октомври, според Службата за државјанство и имиграција на САД, федералната агенција која ги разгледува апликациите од потенцијалните граѓани.