Општина Росоман почна со поставувањето „легнати полицајци“ на главната улица „Гоце Делчев“.
Од Општината велат дека со оваа мерка значително ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на учесниците во сообраќајот, особено на децата и на постарите лица.
– Безбедноста е секогаш на прво место – децидни се од Општина Росоман.












