вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се поставува покрив на повеќенаменскиот објект во село Дреново

Се поставува покрив на повеќенаменскиот објект во село Дреново

69

Интензивно се работи на повеќенаменскиот објект во село Дреново. Од Општината Кавадарци информираат дека се поставува покривот на објектот.

Оттаму додаваат дека повеќенаменскиот објект се простира на површина од 530 квадратни метри, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360 квадратни метри, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница „Дреново“.

Инвестиција е во висина од 30 милиони денари и е на Општина Кавадарци.

 

ИЗДВОЕНИ