Започнаа активностите за поставување на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 куќи во оваа викенд населба, во општина Штип ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши еден долгогодишен проблем овде.
Овие активности се на барање на жителите од овој дел од градот, додека претходно овде беше завршена првата фаза во делот на предвидената индустрија. Во наредниот период ќе се пристапи и на асфалтирање на неколку краци од улици.
-Над 150 викенд куќи се опфатени со овој проект. Еден од приоритетите на локалната самоуправа е да обезбеди уредување со подземна инфраструктура со водоводна мрежа. Првата фаза е завршена, завршен е делот на иднустријата која е предвидена во Плуждино – вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
За овој проект од буџетот на општината се издвоени околу 10 милиони денари, а активностите треба да бидат завршени во рок од еден месец.
-Над 10 милиони денари се одвоени и верувам дека полека но сигурно сѐ она што го имаме ветено по однос на викенд населбата Плуждино ќе стане реалност. Овие зафати и активности да завршат за околу еден месец – информираше Јорданов.