Резервите на гас во Украина се на најниско ниво во последните 12 години, според податоците објавени денес од независната аналитичка агенција Експро.
Украина моментално има само 10 милијарди кубни метри гас во складиште, што значи дека искористеноста на капацитетите е само 32,3 проценти. Во споредба со минатата година, залихите се намалени за девет проценти.
Украинското Министерство за енергетика претходно соопшти дека се потребни најмалку 13 милијарди кубни метри гас за да се обезбеди безбедно снабдување за време на грејната сезона 2025/26.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ја обвини Русија за намерно саботирање на подготовките за зимата, откако рускиот напад погоди гасен објект во регионот Одеса.
Интерконекторот се користи за испорака на гас од САД и Азербејџан преку Бугарија и Романија, а во моментов не е познато како нападот ќе влијае на понатамошниот увоз и складирање.
Украинското Министерство за енергетика проценува дека ќе биде потребен дополнителен увоз од најмалку 4,6 милијарди кубни метри гас за време на претстојната зимска грејна сезона.