Тимот на Ферари се мачи долго време и не е шампион во Формула 1 од 2007 година, кога, на крајот од сезоната, Кими Раиконен го крена шампионскиот трофеј.
Со новата 2026 година, доаѓаат нови правила во Ф1, нови болиди и пред почетокот на сезоната чекаме најави за тоа како ќе изгледаат болидите.
Ферари одлучи да открие сè на што работел и го покажа изгледот на новиот болид SF 26.
Built for the 2026 season 👊 The SF-26 takes the stage. pic.twitter.com/zDQs6XAQsP
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) January 23, 2026
Шефот на тимот на Ферари, Фред Васер, нагласи дека неговиот тим имал агресивен пристап во развојот на болидот за оваа сезона, со што започнува нова ера на Формула 1, и дека последните интервенции ќе бидат направени пред дебито во Фиорано.
Италијанскиот тим, патем, е првиот од сите во шампионатот што целосно се префрли на развој на аеродинамиката за 2026 година, откако го направи тоа уште во април.











