среда, февруари 25, 2026
Дома СВЕТ Се појави нова варијанта на вирусот на грип, за која нема вакцина,...

Се појави нова варијанта на вирусот на грип, за која нема вакцина, предупреди ЕЦДЦ

124

 

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека сезоната на грип годинава почнала три до четири недели порано од вообичаеното, поради појавата на нова варијанта на вирусот.

Според ЕЦДЦ, станува збор за подваријанта на сојот Х3Н2, која се шири побрзо и веќе предизвика зголемување на бројот на заболени во неколку европски земји. Центарот истакнува дека оваа нова варијанта не е вклучена во овогодишната вакцина против грип, затоа што составот на вакцините бил утврден во февруари, кога варијантата сè уште не била присутна. Поради тоа, бројот на заболени оваа сезона би можел да биде поголем од вообичаениот, особено кај постари лица.

Лекарите напоменуваат дека станува збор за грип со слична тежина како претходните соеви, но помалата ефикасност на вакцината создава ризик од поголема зафатеност на населението.

ИЗДВОЕНИ