Се појави нова варијанта на Ковид-19 – колку од симптомите се разликуваат од претходните, колку се слични, а кои се нови?

489
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се појавија илјадници варијанти, а најновата која го предизвикува вниманието на експертите е НБ.1.8.1., пренесува Н1 Сараево.
Светската здравствена организација, СЗО, неодамна почна да ја следи варијантата НБ.1.8.1 поради наглиот пораст на заразата, особено во Кина и во Хонг Конг, каде што исто така се зголемува и бројот на хоспитализации.

Според последните достапни податоци од 22 земји, уделот на оваа варијанта меѓу тестираните примероци пораснал од 2,5 отсто на 10,7 отсто за само четири недели, пренесува пораталот Крени здраво.

Во САД, НБ.1.8.1. веќе е откриен на неколку аеродроми. Доктроката Ејми Едвардс, специјалст за педијатриски заразни болести, изјави за Евридеј хелт дека постои можност оваа варијатна да предизвика нов бран во текот на доцната пролет или летото.

Меѓутоа, добра вест е што засега нема докази дека НБ.1.8.1. предизвикува потешки облици на болеста од претходните варијанти. СЗО наведува дека нема зголемувања на бројот на пациенти на интензивна нега ниту зголемувања на морталитет поврзани со оваа варијанта.

Дали вакцината штити од NB.1.8.1?

Според досегашните информации, вакцините сè уште обезбедуваат заштита од потешки форми на болеста, дури и ако новата варијанта е позаразна. Д-р Марк Рап од Универзитетот во Небраска објаснува дека NB.1.8.1 е од лозата омикрон и е доволно слична на постојните варијанти опфатени со вакцината.

Редовната вакцинација, додава д-р Рап, може да помогне во намалувањето на ширењето на инфекцијата и ублажување на симптомите кај оние кои се заразуваат.

Особено е важно вакцините да бидат лесно достапни за луѓе со зголемен ризик, како што се постарите лица и оние со хронични заболувања.

Кои се симптомите на варијантата NB.1.8.1?

Симптомите на варијантата NB.1.8.1 се слични на оние од претходните варијанти и вклучуваат: затнат или растечен нос, болно грло, замор, главоболка, кашлица, болки во мускулите и телото, треска, гадење или повраќање, дијареја, губење на вкус и мирис, отежнато дишење или отежнато дишење.

Доколку почувствувате симптоми, се препорачува да останете дома, да носите маска и да избегнувате гужви – особено ако сте во контакт со луѓе кои се изложени на поголем ризик од тешки последици од болеста.

ИЗДВОЕНИ