Националната здравствена служба на Велика Британија ќе стане првата во светот што ќе го користи крвниот тест за дијагностицирање на рак на белите дробови, откако пилот-проектот беше успешно завршен минатата година, објави „Sky News“.

Новиот, ултра-сензитивен крвен тест, кој може да открие мали фрагменти од туморска ДНК, би можел да биде пресвртница за многу пациенти.

Течната биопсија ќе им биде понудена на илјадници пациенти бидејќи би можела да ја забрза дијагнозата за да може третманот да започне порано. Исто така, покажува дали постојат мутации на ракот, а една од пациентите на кои им помогнала е 41-годишната Ребека Проктор.

На неа ѝ е дијагностицирана мутација на генот ALK кај ракот на белите дробови со помош на течна биопсија, додека биопсијата на ткивото го потврди истиот резултат, но само десет дена подоцна, па Ребека во меѓувреме можеше да започне со третман.

  • Новиот лек ми го врати животот, рече таа, додавајќи дека била свесна за својата дијагноза, но дека брзото земање на апчињата помогнало да се спречи ширењето на клетките на ракот.

ИЗДВОЕНИ