Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг-местата во Општината.
Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно со Законот за постапување со дополнителните текови на отпадот, кој ги пропишува законските процедури за отстранување на ваквиот тип отпадни возила.
– На сторителите им беа изречени соодветни прекршочни платни налози за непочитување на прописите. Досега се подигнати 11 хаварисани возила од населбата Автокоманда, а во наредниот период акцијата ќе продолжи во другите населени места на територијата на Општината – соопштија од локалната самоуправа.