Комесарот на НБА, Адам Силвер, потврди дека лигата сè уште не го започнала официјалниот процес на проширување, иако постои силен интерес од градови како Сиетл и Лас Вегас, што укажува дека одлуката за новите тимови би можела да се донесе само по подетални интерни дискусии закажани за летото.

  • Слушајте, секако дека знам колку интерес има во Сиетл. Знам дека има голем интерес и во Лас Вегас, како и во неколку други градови, без разлика дали сум читал за тоа или сум слушнал за тоа индиректно од други. Само да бидеме јасни – сè уште не сме започнале никаков процес. Дури и во случаите кога градовите нè контактирале, ние сме рекле: „Ви благодариме за вашиот интерес, но сè уште не сме подготвени за состаноци и посериозни разговори. Ќе ја имаме таа можност на почетокот на летото, кога ќе разговараме со сите групи сопственици во НБА и ќе ја добиеме пошироката слика, порача Силвер.

ИЗДВОЕНИ