Евролигата има многу обврски и планови пред себе, а на состанокот одржан на 13 јануари беше поставено прашањето за улогата на извршниот директор, Паулиус Мотиејунас. Поточно, клубовите веќе имаат неколкумина кандидати што наскоро би можеле да го наследат добро познатото лице на елитното натпреварување. Веќе е познато дека на тој состанок Барселона одлучи дефинитивно да биде дел од ова натпреварување уште 10 години, а сега се разгледува и позицијата извршен директор, како што дознава „Баскет њуз“. Формиран е комитет од неколкумина претставници на клубовите од Евролигата и таа група ангажираше агенција за да ги истражи потенцијалните кандидати за оваа позиција.

Сепак, во 2024 година, Мотиејунас, заедно со Дејан Бодирог, доби продолжување на мандатот за уште четири години, но, исто така, се наведува дека договорот содржи клаузула според која може да биде прекината соработката по првите две години. Овој временски рок е во согласност со горенаведените правила.

ИЗДВОЕНИ