
Португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Витиња, е најновата желба на раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М). Медиумите кои важат за блиски до „кралскиот клуб“ открија дека во следните неколку месеци Реал (М) ќе предложи размена на фудбалери, односно, Витиња да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а во обратната насока да се упати Бразилецот Родриго.