СЕ ПОДГОТВУВА КАПЕЛАНСКА СЛУЖБА: Затворениците во струмичкиот затвор добиваат простори за верски обреди

61

Во завршна фаза се објектите наменети за верските потреби на затворениците во КПУ Затвор Струмица. Денеска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Оливера Трајковска, и директорот на Управата за санкции, г. Александар Пандов, ја посетија КПУ Затвор Струмица во придружба на советничката Наташа Ниќифоровиќ од КОВЗ и на раководителката на сектор од Управата за санкции, Христина Божиновска.

– Директорот на КПУ Затвор Струмица, Зоран Ристов, и заменик-директорката Наташа Лазарова-Донева ги запознаа директорите со актуелната состојба во затворот и овозможија увид на објектите што ги подготвуваат за затворениците. Во рамките на затворот, во завршна фаза се малата црква посветена на свети Јустинијан и објектот наменет за затворениците од муслиманска вероисповед – информира Оливера Трајковска на својот профил на социјална мрежа „Фејсбук“.

Таа додаде дека целта на посетата е иницирање капелански служби во затворите за процесот на ресоцијализација и дерадикализација да биде поуспешен.

– Истовремено, затворениците би го оствариле правото на достапна  психолошка и духовна помош – нагласува Трајковска.

ИЗДВОЕНИ