Последниве недели Борис Бекер е главна тема во спортските медиуми во светот, бидејќи Германецот постојано раскажува за деновите минати во затвор, каде што имал не толку пријатно искуство.

Славниот Германец беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година за даночна измама, и помина осум месеци во ќелија, по што беше ослободен и депортиран од Велика Британија во Германија.

Гостувајќи во еден подкаст, Борис Бекер истакна дека неговото време во затвор воопшто не било лесно.

  • Секој што вели дека е лесно да се биде во затвор не ја кажува вистината. Во затвор, гледате во подот, а не во очите на луѓето, затоа што сте исплашени. Во првите неколку дена, сите затвореници ги проверуваат новодојдените. Ме гледаа цело време и ме испитуваа дали треба да направам нешто, рече Бекер.

Потоа спомена една ситуација, во која не се чувствувал удобно додека се туширал.

  • Таму мора да бидете внимателни. Изберете ја вистинската група луѓе бидејќи тушевите се заклучени одвнатре, а сите сме гледале филмови… Мојот најголем страв беше дека ќе се туширам со луѓе кои ќе ме искористат. Мора да најдете група каде што ќе се чувствувате безбедно. Она што се случува во филмовите е навистина вистина, рече познатиот Германец.

ИЗДВОЕНИ